Languages:

Креираме извонредно место
за работа

Партнерски да создадеме организација која е фокусирана на луѓето
во која тие се клучен фактор за успех.

Организација во која кон луѓето ќе се однесуваме со високо ниво на достоинство и почит, каде луѓето ќе сакаат да се придружат,
професионално да се развиваат, истовремено развивајќи ја
организацијата, продуктивноста и профитабилноста.
Високо мотивиран и ангажиран тим посветен на бизнисот.

Затоа што луѓето го прават бизнисот.

Нашата улога

Да ги поддржиме клиентите и да ги подобриме нивните резултати користејќи ги нашите вештини, знаење и искуство. Ние ги инспирираме, развиваме, и преку менторство го поддржуваме процесот на носење одлуки.

Подготвени сме да влеземе во непознати и комплексни ситуации за да видиме кои се промените кои треба да се направат.

Нашите услуги

Нашите услуги се идеи, забелешки, начин на размислување, совети, предлози и алатки.

Нас нè водат идеи и силна желба да оствариме позитивно влијание кај нашите клиенти.

Најзначајна е нашата способност да го користиме искуството и да создаваме нови знаења преку остроумност и детална анализа.

Нашиот придонес

Додаваме вредност градејќи партнерства со организации со цел подобро, побрзо и со поголема продуктивност да ги извршуваат своите активности и да го поттикнеме начинот на размислување за бизнисот како „маратон“.

За нас

Главниот фокус на АПОД се ЛУЃЕТО и ОРГАНИЗАЦИЈАТА.

Дознај повеќе

Со повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonalds, Wrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик, го основав АПОД со цел да се фокусирам на нови искуства, и да го споделам своето знаење и стручност со други организации во регионот.

– Поликарп Арсеновски, Основач.

Нашите услуги

Проверете дали вашата организација ги има некои од следните „симптоми“