Languages:

Најнови објави

CV – лична маркетинг алатка која ќе ти најде работа

11 Сеп, 2020 | by APOD Team

Инспирацијата за овој блог потекнува од секојдневните соочувања во мојата работа – читање CV-ја и согледување на можностите истите да бидат направени на едно повисоко ниво, кое значително може да ги зголеми можностите за вработување.

CV е кратенка од латинскиот збор „Curriculum Vitae“ што значи „приказна на мојот живот“. Тоа претставува своевиден маркетинг документ – лична маркетинг алатка која нé претставува  пред идните работодавачи, компаниите кои вработуваат.

Основната улога на CV-то е да го импресионира читателот, да остави позитивен впечаток пред компанијата која вработува и да предизвика желба, работодавачот да посака да се сретне лично со тебе, лицето зад документот.

Всушност, CV-то е единствениот начин на комуникација помеѓу мене и компанијата која вработува, па оттука доаѓа и неговото значење, тоа треба да биде направено многу вистинито, внимателно, граматички точно напишано, концизно и со привлечен дизајн.

Читателот на CV-то за многу кусо време треба да стекне слика и да те запознае, кој сум, да ги препознае твоите вредности, искуството, достигнувања и потенцијалот кој го имаш. Преку него тој треба да го препознае потенцијалот кој го носаш и да увиди дека можеби ти си личноста која во иднина може да биде дел од нивната организација.

Всушност, CV-то ги презентира бенефитите и компанијата да препознае зошто треба да те вработи мене. Затоа овој документ е пресуден во одлуката дали јас ќе бидам повикан на разговор, интервју за работа од компанијата, работодавач..

Искуството вели 7 / 30 / 180 секунди

Искуствата покажуваат дека регрутерите „на прво читање“ поминуваат околу 7 секунди пред да донесат одлука дали ќе продолжат со читање или ќе го отфрлат CV-то, 30 секунди ако одлучат да читаат понатаму и 2 до 3 минути ако се задлабочат, ако сериозно сме им го привлекле вниманието.  

Како да знам дека моето CV е добро направено?

Првиот начин е преку лична проценка. Ставете се во улога на читател и читајќи го запрашајте се дали ве привлекува, дали предизвикува желба да ја запознаете личноста која го напишала. Користете ментор, некој кој има искуство во подготовка и читање CV и следете ги трендовите.

Совети:

– Одвоите доволно време за подготовка на вашето CV

– Направете го професионално, структурирано

– Сликата не треба да доминира

– CV-то не би требало да е подолго од две страни

– Вашата експертиза и компетенции ставете ги на првата страна

– Користете кратки реченици „Bullet points“

– Истакнете ги значајните работи – подвлечени зборови или „благо болдирање“

– Користете еден професионален фонт и иста големина

– Не користете повеќе од две бои

– Во кратки реченици напишете ги вашите клучни вредности, искуство, достигнувања и потенцијал кои го носите со себе, а кои сметате дека ќе придонесат во компанијата која вработува

– Редовно дополнувајте го со стекнати знаења, искуство и компетенции – Бидете искрени


Читај повеќе
Прочитај повеќе во: HUMAN CAPITAL MANAGEMENT