
CV – лична маркетинг алатка која ќе ти најде работа
Инспирацијата за овој блог потекнува од секојд...
Инспирацијата за овој блог потекнува од секојд...
Однос на двете страни, помеѓу лицето кое бара ...
„CFO-то го прашува CEO-то: Што ќе се случи ако...
Инспирацијата за овој блог потекнува од секојдневните соочувања во мојата работа – читање CV-ја и согледување на можностите истите да бидат направени на едно повисоко ниво, кое значително може да ги зголеми можностите за вработување.
CV е кратенка од латинскиот збор „Curriculum Vitae“ што значи „приказна на мојот живот“. Тоа претставува своевиден маркетинг документ – лична маркетинг алатка која нé претставува пред идните работодавачи, компаниите кои вработуваат.
Основната улога на CV-то е да го импресионира читателот, да остави позитивен впечаток пред компанијата која вработува и да предизвика желба, работодавачот да посака да се сретне лично со тебе, лицето зад документот.
Всушност, CV-то е единствениот начин на комуникација помеѓу мене и компанијата која вработува, па оттука доаѓа и неговото значење, тоа треба да биде направено многу вистинито, внимателно, граматички точно напишано, концизно и со привлечен дизајн.
Читателот на CV-то за многу кусо време треба да стекне слика и да те запознае, кој сум, да ги препознае твоите вредности, искуството, достигнувања и потенцијалот кој го имаш. Преку него тој треба да го препознае потенцијалот кој го носаш и да увиди дека можеби ти си личноста која во иднина може да биде дел од нивната организација.
Всушност, CV-то ги презентира бенефитите и компанијата да препознае зошто треба да те вработи мене. Затоа овој документ е пресуден во одлуката дали јас ќе бидам повикан на разговор, интервју за работа од компанијата, работодавач..
Искуството вели 7 / 30 / 180 секунди
Искуствата покажуваат дека регрутерите „на прво читање“ поминуваат околу 7 секунди пред да донесат одлука дали ќе продолжат со читање или ќе го отфрлат CV-то, 30 секунди ако одлучат да читаат понатаму и 2 до 3 минути ако се задлабочат, ако сериозно сме им го привлекле вниманието.
Како да знам дека моето CV е добро направено?
Првиот начин е преку лична проценка. Ставете се во улога на читател и читајќи го запрашајте се дали ве привлекува, дали предизвикува желба да ја запознаете личноста која го напишала. Користете ментор, некој кој има искуство во подготовка и читање CV и следете ги трендовите.
Совети:
– Одвоите доволно време за подготовка на вашето CV
– Направете го професионално, структурирано
– Сликата не треба да доминира
– CV-то не би требало да е подолго од две страни
– Вашата експертиза и компетенции ставете ги на првата страна
– Користете кратки реченици „Bullet points“
– Истакнете ги значајните работи – подвлечени зборови или „благо болдирање“
– Користете еден професионален фонт и иста големина
– Не користете повеќе од две бои
– Во кратки реченици напишете ги вашите клучни вредности, искуство, достигнувања и потенцијал кои го носите со себе, а кои сметате дека ќе придонесат во компанијата која вработува
– Редовно дополнувајте го со стекнати знаења, искуство и компетенции – Бидете искрени