Languages:

Дали се ова некои од „симптомите“ со кои се среќавате во вашето секојдневно работење?

Како поминува времето и организацијата се развива, предизвиците во и надвор од компанијата стануваат сè посложени.

Процесите, структурата и системите што некогаш работеле сега стануваат бариера за ефикасност, фокус кон клиентите, ангажираност на вработените и финансиска профитабилност на бизнисот.

  • Недостаток на јасна визија, мисија и вредности на организацијата
  • Недостаток на чувство за индивидуална одговорност – „Не е моја работа!“
  • Недостаток на доверба помеѓу вработените и помеѓу вработените и управувачката структура
  • Ниско ниво на ангажираност, мотивираност и посветеност
  • Задоцнето донесување одлуки
  • Атмосфера на страв и несигурност
  • Ниско ниво на перформанс на вработените, како и резултати во работата
  • Се соочуваме со непродуктивен процес на работа со многу прекини, стагнација и ниска додадена вредност
  • Имаме коментари од типот на „Немаме време!!!“ или „Имаме премногу работи кои треба да ги направиме!!!“
  • Недостаток на фокус кон клиентите
  • Потребно е многу време за да се заврши некоја работна задача
  • Премногу или премалку извештаи и неструктуриран систем на известување
  • Работа во „силоси“ – недостаток на соработка помеѓу сектори
  • Префрлање на вина наместо одредување и решавање на предизвиците
Потребни ви се повеќе информации?